Објавено на 07 Мај, 2021 во Вести, До 17 год
Организатор на турнирот е Српската фудбалска федерација, а натпреварите ќе бидат одиграни на терените во Стара Пазова.
Покрај нашата селекција, учество ќе земат и репрезентациите на Србија, која воедно е и домаќин на овој турнир, Црна Гора и Бугарија.
Првиот натпревар, избраниците на селекторот Тони Јакимовски го играат против соодветната репрезентација на Црна Гора, на 11 мај со почеток од 14:30 часот.
Селекторот Тони Јакимовски се одлучи да ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ: Стефан Јовановски ( ФК Славија Прага ), Давид Стојановиќ ( ФК Македонија Ѓ.П. );
ОДБРАНА: Симеон Здравковски ( Ф.К. Њу Старс ), Андреј Аризанковски ( ФК Победа ), Рамадан Сулејмани ( ФК Линк Ласк / А ), Анес Малиќи ( Уефа Академија ), Марко Стојилевски ( ФК Вардар ), Хадис Таири ( ФК Њу Старс ), Матеј Јаневски ( ФК Работнички;
СРЕДИНА: Максим Бундалевски ( ФК Кул ), Амир Нухија ( Ф.К. Шкендија ), Мартин Ѓоргиевски ( ФК Академија Пандев ), Ѓорѓи Џосев ( ФК Вардар ), Берат Јасари ( ФК Киево ), Омерфарук Сулејмани ( ФК Шкупи ), Кире Стојанов ( ФК Академија Пандев ), Никола Манојлов ( ФК Работнички ), Азис Јамини ( ФК. Аданаспорт );
НАПАД: Зани Назифи (ФК Шкендија ), Никола Величковски ( ФК Вардар );
„ Првиот натпревар го играме против репрезентацијата на Црна Гора, противник кој доста добро го познаваме и респектираме, со оглед на тоа што минатиот месец одигравме два натпревари против нив во Скопје. Се надевам дека овој пат ние ќе бидеме тие што ќе се радуваат на победата. Одигравме два добри меча против Црна Гора, средби во кои пропуштивме многу добри шанси за постигнување погодок. Во однос на минатиот собир, имаме повикано неколку нови фудбалери, кои се надевам дека ќе одговорат на предизвикот и ќе ги оправдаaт очекувањата. Верувам во моите играчи и се надевам дека ќе успееме да ја претставиме Македонија во вистинско светло “, вели селекторот Тони Јакимовски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....