Објавено на 26 Октомври, 2015 во Вести
Репрезентации до 17 години: БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА 0:0 (0:0)
УЕФА, квалификациски турнир, Бургас.
Стадион: Лазур
Младата репрезентација на Македонија до 17 години го заврши настапот на квалификацискиот турнир во Бугарија за пласман во елитната фаза откако одигра нерешено против домаќинот, селекцијата на Бугарија во рамките на третото коло од групата 12.
На стадионот во Лазур, нашите фудбалери одиграа тврд натпревар без погодоци против домашната селекција на Бугарија. На денешната средба против Бугарија, нашата репрезентација може да жали за неколку пропуштени можности.
На денешниот втор натпревар од третиот круг,Италија одигра нерешено,1 - 1 против селекцијата на Шкотска
По одигрувањето на последните натпревари од првата квалификациска фаза во Бугарија,, Италија како прва се пласираше во следната фаза со пет освоени поени.Бугарија заврши на втората позиција со 4 освоени поени, а третото место и припадна на селекцијата на Шкотска.
МАКЕДОНИЈА: 1. Христијан Стевковски (к) 9. Бобан Здравевски 3. Михаил Маневски 13. Кирил Ристовски 5. Андреј Кировски 6. Антонио Митрев 15. Христијан Делевски 8. Јани Атанасов 10. Димитар Митровски 16. Марко Александар Ферукоски 11. Кристијан Трапановски;
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....