Репрезентација до 16 години: Скопје ќе биде домаќин на пријателски турнир за играчи родени 2000 година

Објавено на 19 Октомври, 2015 во Вести, До 17 год


Во периодот од 16. до 20. ноември Македонија ќе биде домаќин на силен контролен турнир, за фудбалери родени 2000 година.

На овој турнир учество ќе земат силните репрезентации на Италија и Србија. Натпреварите  ќе бидат одиграни според следниот распоред:

16.11.2015 во 13.00ч  Македонија - Србија

18.11.2015 во 13.00ч   Италија - Србија

20.11.2015 во 11.00ч  Македонија - Италија

Местото на одигрување на сите натпревари дополнително ќе биде утврдено.




   
   
А репрезентација