Објавено на 09 Јуни, 2016 во Вести, До 17 год
Репрезентацијата на Македонија до 16 години славеше со 1:0 на вториот конторлен натпревар против врсниците од Словачка на гостувањето во Братислава.
Избраниците на селекторот Добринко Илиевски повторно одиграа одличен натпревар и сосема заслужено се радуваа на новиот триумф. Дарко Чурлинов во 27. минута беше стрелец на голот за победа на Македонија.
Во шанси за поубедлив триумф за нашата
кадетска репрезентација се најдоа и Страторски, Колевски, Трајковски, Битиќи и Наумовски,
но не реализираа.
Репрезентацијата на Македонија до 16 години славеше победа и на првиот дуел против словаците во Братислава со 3:1.
Македонија: Мите Секулов, Адријан Хајдари, Филип Антовски, Ангел Страторски, Никола Спасов, Марио Наумовски, Стефан Колески, Дарко Чурлинов, Бојан Колевски, Енис Фазлагиќ, Лука Трајковски; Играа уште: Бесник Ферати, Стефан Симоновски, Филип Алексовски, Мартин Ристов, Саит Битиќи, Марко Ѓоргиевски;
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....