Репрезентација до 16 години: Македонија славеше победа над Србија

Објавено на 16 Ноември, 2015 во Вести, До 17 год

Младата репрезентација на Македонија до 16 години извојува победа од 3-1 над селекцијата на Србија во првиот натпревар од контролниот турнир за играчи родени 2000 година.

Головите за Македонија ги постигнаа:  Енес Фазлагиќ во 26` од пенал, Бојан Колевски во 61` и Дејан Кулешевски во 80`. 

Одлично второ полувреме на селекцијата на Македонија. Во 61` Амел Ристемовски продре по десната страна, а на вистинското место се најде  Колевски и рутинирано ја пласираше топката покрај гостинскиот голман за предност од 2:1 . Како круна на нашата фантастична игра во 80 минута по одличниот соло продор Кулешевски го постигна конечниот резултат на натреварот. Eдинствениот погодок кај Србите беше дело на Светозар Марковиќ од слободен удар.

„Голем успех на нашите млади фудбалери. Ние сме репрезентација во формирање. Имаме голем респект кон селекцијата на Србија. Тие се водечки во сите младински категории, Победата многу ни значи. Сепак остануваме цврсто на земја. Свесни сме дека само со секојдневна макотрпна работа на подолги патеки ќе имаме резултатски континуитет", изјави селекторот Добринко Илиевски.

До крајот на овој турнир се играат уште две средби:

18.11.2015 (среда) Србија - Италија 13.00 часот / тренинг центар Петар Милошевски

20.11.2015 (петок) Македонија - Италија 11.00 часот / тренинг центар Петар Милошевски

На оваа средба за Македонија играа: Лука Наков, Виктор Ризанковски, Кристијан Додевски, Ангел Страторски, Бесир Рамадани, Мартин Ристов, Дејан Кулешевски, Марио Наумоски, Бојан Колевски (капитен), Енес Фазлагиќ и Амел Рустемовски. Во второто полувреме во игра влегоа: Малик Зибери (41 минута), Адријан Хајдари (41`), Дарко Чурлинов (50`), Алтин Сефо (57`), Филип Антовски (75`) и Кристијан Ристевски (80`)




   
   
А репрезентација