Објавено на 15 Април, 2016 во Вести, До 17 год
Македонската репрезентација до 16 години ќе биде дел од развојниот турнир на УЕФА кој го организираме во Скопје од 17. до 21. април на тренинг центарот „Патар Милошевски“. На развојниот турнир покрај нашата кадетска репрезентација улествуваат репрезентациите на Казахстан, Украина и Луксембург.
Репрезентацијата
на Македонија која ја предводи Добринко Илиевски првиот натпревар го игра на
17. април (недела) против Казахстан во 16:00 часот.
Голмани: Мите Секулов (Про Пјаченца, Италија), Методиј Величковски (Вардар), Малик Зибери (Вардар);
Одбрана: Адријан Хајдар (Рапид Виена, Австрија), Кристијан Додевски (Металург), Филип Антовски (Вардар), Борис Јакимовски (Работнички), Стефан Симоновски (Работнички), Марко Шимуновиќ (Партизан, Србија), Никола Спасов (Академија Пандев), Ангел Страторски (Горица, Словенија);
Среден ред: Енис Фазлагиќ (Шкендија), Стефан Колевски (Работнички), Јакуб Бериша (Вардар), Лука Трајковски (Победа), Бесник Ферати (Шкупи);
Напад: Васил Крстев (Академија Пандев), Бојан Колевски (Металург), Филип Алексовски (Македонија Ѓ.П.), Саид Битиќи (Вардар);
-Многу важен турнир за нас, после турнирот
„Шкија“ во БиХ на кои се претставивме во добро издание, но имавме и одредени слабости,
ова е вистинската шанса да покажеме дека оваа генерација има квалитет и
талентирани играчи. Во составот недостасуваат Рустемоски, Чурлинов и Кулушевски,
за нас многу важни фудбалери, но поради обврски кон клубовите не можеме да
сметаме на нив. Мораме да имаме алтернативни решенија, без секого се мора,
верувам во играчите од овој состав и очекувам добри резултати и добар пласман.
Очекувам играчите да го заслужат вниманието кон себе и ова да биде позитивно
искуство за сите нас, изјави селекторот на репрезентацијата Добринко
Илиевски.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....