Објавено на 24 Март, 2021 во До 17 год
Во рамките на првиот натпревар од меѓународниот развоен турнир за фудбалери до 16 години ( генерација 2005 ), нашата млада репрезентација одигра слабо и под очекувањата, противникот сосема заслужено славеше победа.
Првиот погодок беше дело на Петар Кирев во 27 минута од натпреварот. Конечните 2:0 ги постави Росен Маринов во 80 минута. Нашите фудбалери и покрај лошата игра, не успеаа да искористат неколку добри шанси за погодок, особено во второто полувреме.
МАКЕДОНИЈА : 1. Јовановси Стефан, 5. Стојилевски Марко, 6. Беќири Амир, 7. Стојанов Кире, 8. Ѓоргиевски Мартин, 9. Назифи Зани, 10. Јамини Азис, 11. Мухамед Елмас, 14. Аризанкоски Андреј, 15. Таири Хадис, Нухија Амир;
БУГАРИЈА: 12. Умут Хабил, 3. Стилијан Стојчев, 5. Росен Маринов, 6. Виктор Василев, 7. Захари Атанасов, 8. Антоан Стојанов, 10. Асен Митков, 13. Џорџи Караиванов, 15. Мартин Ѓеоргиев, 19.Петар Кирев, 22. Роберто Раучев;
Во вториот меч на 28 март, недела со почеток од 11 часот, Македонија силите ќе ги одмери со селекцијата на Босна и
Херцеговина. Меѓусебниот дуел Бугарија и Босна и
Хервеговина ќе го одиграат во петок на 26 март во 11 часот.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....