Репрезентација до 16 години: Македонија поразена од Босна и Херцеговина во финалето на турнирот „Шкија"

Објавено на 04 Април, 2016 во Вести


Кадетската репрезентација на Македонија беше поразена во финалето од меморијалниот турнир „Јосип Каталински – Шкија“ кој се одржува во Зеница и Сараево. Во финалната пресметка селекцијата на Македонија до 16 години беше поразена со 2:0 од домаќинот Босна и Херцеговина.

Босна и Херцеговина го отвори резултатот во 21. минута, а стрелец на погодокот беше Шиканиќ. Избраниците на селекторот Добринко Илиевски одиграа нешто подобро во финишот на првиот дел кога ја имаше најдобрата прилика, меѓутоа не успеа да го совлада Мијатовиќ.

Во продолжението од средбата домаќинот успеа да ја зголеми предноста. Хасановиќ во 54. минута се запиша во листата на стрелци, погодувајќи од 16 метри. Воедно, тоа беше и конечниот резултат од ова финале.

БиХ - Македонија 2:0 (1:0)

1:0 Шиканиќ 21`; 2:0 Хасановиќ 54`;

МАКЕДОНИЈА: Малик Зибер, Бојан Колевски, Енис Фазлагиќ, Кристијан Додевски, Алтин Сефо, Енсар Љума, Давид Стојков, Стефан Колески, Виктор Ризанковски, Саит Батики, Бесир Рамадани; Во вториот дел во игра влегоа: Бојан Јакимовски, Лука Трајковски, Муса Мемедовски, Зоран Ивановски, Никола Спасов, Стефан Симоновски, Лука Наков, Васил Крстев, Александар Горгиевски; Селектор: Добринко Илиевски




   
   
А репрезентација