Објавено на 19 Април, 2016 во Вести
Македонската репрезентација до 16 години ја оствари втората победа на развојниот турнир на УЕФА кој го организираме во Скопје. Нашата кадетска репрезентација по подобро изведување пенали славеше против Луксембург. По регуларните 80. минути двете селекции одиграа 2:2. Македонија не промаши во пенал серијата и го доби натпреварот со 5:3.
Филип Алексовски со погодок во 29. минута го отвори резултатот и фудбалерите предводени од Добринко Илиевски заслужено имаа предност на полувреме во кое пропуштивме уште неколку добри прилики за гол.
Во второто полувреме, најдобриот гостински фудбалер Јаник Шо постигна два гола за пет минути, во 41. и 46. минута за водство на Луксембург од 2:1. Сепак, Васил Крстев во 68. минута успеа да постигне гол за израмнување и да го однесе натпреварот во пенал рулет во кој бевме максимално прецизни и славевме со 5:3.
Македонија по два круга има четири бода, два помалку од Украина која денеска на првиот натпревар славеше со 1:0 против Казахстан. За првото место ќе решаваме задутре против кадетите на Украина. Казахстан и Луксембург имаат освоено по еден бод.Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....