Објавено на 15 Мај, 2016 во Вести, До 17 год
Младата репрезентација на Македонија до 15 години го одигра вториот натпревар од УЕФА развојниот турнир кој се одржува во Сан Марино. Избраниците на селекторот Добринко Илиевски ја забележаа и втората победа на овој турнир.
Македонија издвојува победа со 3:1 над селекцијата на Андора. Во листата на стрелци на овој меч се запишаа Амел Рустемовски, Бојан Колевски и Никола Спасов. Нашите млади фудбалери одиграа уште еден одличен натпревар и сосема заслужено ја остварија втората победа од развојниот турнир. Во вториот натпревар од групата, селекциите на Сан Марино и Албанија одиграа нерешено без голови.
Македонската репрезентација утре ја игра последната средба против Албанија.
МАКЕДОНИЈА: Мите Секулов, Кристијан Додевски, Бесник Ферати, Стефан Симоновски, Амел Рустемовски, Алтин Сефо, Лука Трајкоски, Филип Алексовски, Васил Крстев, Кристијан Димов, Филип Бошковски; Селектор: Добринко Илиевски;
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....