Објавено на 07 Март, 2016 во Вести, До 17 год
Контролните средби ќе бидат одиграни на тренинг центарот „ Петар Милошевски" на 8 март со почеток од 14:30 часот и на 10 март со почеток од 11:00 часот.
Предводникот на нашата млада селекција, Добринко Илиевски наспроти овие две контролни средби го објави списокот на фудбалери:
ГОЛМАНИ: Мите Секулов (ФК Про Пјаченца, Италија), Малик Зибери (ФК Вардар), Лука Наков (ФК Љубанци);
ОДБРАНА: Филип Антовски (ФК ВАРДАР), Аднан Талевиќ (ФК Рупершвил Јона, Швајцарија), Стефан Симоновски (ФК Работнички), Кристијан Додевски (ФК Металург), Леонид Мијаковски (ФК Пелистер), Марко Шимуновиќ (ФК Партизан, Србија), Никола Спасов (Академија Пандев), Ангел Стратоски (ФК Нова Горица, Словенија);
СРЕДЕН РЕД: Дарко Чурлинов (ФК Магдебург, Германија), Алтин Сефо (ФК Шкупи), Марио Наумовски (ФК Металург), Енис Фазлагиќ (ФК Шкендија), Бесник Ферати (ФК Шкупи), Филип Стојановски (ФК Еуромилк);
НАПАД: Јакуб Бериша (ФК Вардар), Лука Трајковски (ФК Победа), Бојан Колевски (ФК Металург), Васил Крстев (Академија Пандев), Дејан Кулушевски (ФК Аталанта, Италија), Емир Скендери (ФК Македонија Ѓ.П.);
Еден од најдобрите фудбалери на репрезентацијата до 16 години и член на италијанскиот клуб Аталанта, Дејан Кулушевски ја пофали добрата атмосфера и квалитетот во националниот тим.
„ Атмосферата во репрезентацијата е одлична, делуваме како една компактна целина, имаме одлична дружба и соработка на теренот и надвор од него. Мило ми е што сум дел од оваа генерација на фудбалери и се надевам дека во иднина ќе бележиме уште подобри резултати. На утрешната средба очекувам преку добра игра да оствариме позитивен резултат.”, вели Дејан Кулушевски.
Селекторот Добринко Илиевски се надева дека со одлични игри ќе продолжат и во новата година во која следат големи испити, а првиот од нив е дуелот со Црна Гора
„ Со игрите во претходните натпревари создадовме обврска дека треба да продолжиме да бележиме добри настапи и резултати на наредните дуели, почнувајќи од средбата со Црна Гора. Имаме желба од ден во ден да напредуваме се повеќе и да бележиме уште подобри резултати. Се надевам дека утре ќе се прикажеме во добро светло и ќе оствариме победа против една незгодна селекција”, вели Добринко Илиевски.