Објавено на 03 Јуни, 2016 во Вести, До 17 год
Репрезентацијата на Македонија до 16 години на 7. и 9. јуни во Братислава ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата до 16 години на Словачка. Селекторот на нашата репрезентација Добринко Илиевски за пријателските дуели против Словачка ги повика следните фудбалери:
Голмани: Мите Секулов (Про Пјаченца, Италија), Малик Зибери (Вардар);
Одбрана: Адријан Хардари (Рапид, Австрија), Филип Антовски (Вардар), Ангел Страторски (Горица, Словенија), Стефан Симоновски (Работнички), Никола Спасов (Академија Пандев), Филип Алексовски (Македонија Ѓ.П.)
Среден ред: Марио Наумовски (Металург), Мартин Ристов (Публикум, Словенија), Лука Трајковски (Победа), Стефан Колевски (Работнички), Бесник Ферати (Шкупи), Енис Фазлагиќ (Шкендија);
Напад: Саит Битиќи (Вардар), Дарко Чурлинов (Магдебург, Германија), Бојан Колевски (Металург), Марко Ѓоргиевски (Вардар);
-После турнирот во Сан Марино на кој се преставивме во одлично издание и забележавме три победи наша обврска е да продолжиме со добри игри и резултати. Словачка е силна репрезентација, но тоа е она што во моментов ни е потребно, да се надигруваме со квалитетни противници и да го продолжиме континуитетот за она што ни следува. Во последните неколку месеци одигравме голем број натпревари и постигнавме навистина неколку убави победи и јас се надевам дека тој тренд ќе го продолжиме и на гостувањето во Братислава, изјави селекторот Добринко Илиевски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....