Објавено на 21 Април, 2016 во Вести, До 17 год
Младата репрезентација на Македонија до 16 години го забележа првиот пораз на развојниот турнир на Уефа кој го организираме во Скопје. Нашата кадетска репрезентација беше поразена со 1:0 од Украина.
Противникот подобро го отвори дуелот, во 9. минута Каржевски пропушти добра можност да погоди од слободен удар. Во 12. минута Украина со голот на истиот играч поведе со 1:0. Најдобра прилика за Македонија ја имаше Бојан Колевски во 16. Минута од средбата, меѓутоа неговиот удар го одбрани гостинскиот голман.
Во продолжението од натпреварот, избраниците на селекторот Добринко Илиевски одиграа подобро и поангажирано, особено во нападот, но без ефект. Резултатот остана непроменет. Најдобрите шанси во второто полувреме, нашата селекција ги имаше преку Спасов и Колевски. До крајот на натпреварот Украина остана со играч помалку, Рожко поради втор жолт мораше пред време да ја напушти играта.
МАКЕДОНИЈА:Филип Антовски, Саит Битиќи, Енис Фазлагиќ, Адријан Хајдари, Бериша Јакуб, Бојан Колевски, Марко Симуновиќ, Никола Спасов, Ангел Страторски, Лука Трајковски, Методија Велковски; Селектор: Добринко Илиевски
Македонија го заврши турнирот на втората позиција со 4 освоени поени. Украина го освои првото место со 9 бода, на третото место се најде Луксембург со 3 поени, а Казахстан заврши на последното место со 2 освоени бода.Во првиот денешен натпревар,репрезентацијата на Луксембург славеше победа над Казахстан по подоброто изведување на пенали (4:1), во регуларните 80 минути резултатот беше 1:1.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....