Репрезентација до 15 години: Пораз од Белорусија во првиот натпревар на меѓународниот турнир „Влатко Марковиќ

Објавено на 05 Мај, 2021 во Вести, До 17 год

Младата репрезентација на Македонија загуби од соодветната селекција на Белорусија во рамките на првиот меч од силниот меѓународен турнир за фудбалери до 15 години што се одржува во Хрватска.

Во еден интересен натпревар, полн со возбудувања, отворена игра  и шест погодоци, избраниците на селекторот Незат Шабани загубија со 4 : 2.

Селекцијата на Белорусија одлично го започна натпреварот, ги искористи своите можности и постигна два гола во почетната фаза од средбата. Стрелци на головите беа Захар Баранок и Раџинов Млаџеџев во 14’ и 21’. Нашите фудбалери ги консолидираа своите редови, и до крајот на првиот дел успеаа да го изедначат резултатот. Најпрвин Максимилијан Димитриевски успеа да го намали резултатот на 2:1 во 24’. На 2:2 израмни Алтин Алиу во 29’.

Во продолжението од средбата, противникот успеа да постигне уште два гола. Во 46’ Руслан Миалковски погоди за предност на Белорусија од 3:2. Раџинов Млаџаџев ги постави конечните 4:2 на средбата, воедно ова беше втор погодок за фудбалерот на Белорусија на денешната средба. Нашите фудбалери можат да жалат за пропуштените прилики кои не ги искористија во второто полувреме.

БЕЛОРУСИЈА – МАКЕДОНИЈА 4 :2

МАКЕДОНИЈА ДО 15 ГОДИНИ: 1. Славе Вргов, 3. Андреј Велков, 4. Кристијан Галевски, 5. Анес Малиќи, 7. Максимилијан Димитриевски, 9. Никола Манојлов, 11. Флакрон Мелиши, 16. Алтин Алиу, 17. Хисар Али, 19. Андреј Величковски, 23. Димитар Порчу;

Селектор: Незат Шабани;

Вториот натпревар од силниот меѓународен турнир „ Влатко Марковиќ “, нашата репрезентација ќе го игра утре против домаќинот, селекцијата на Хрватска во Карловац, со почеток од 12:15.





   
   
А репрезентација