Објавено на 26 Ноември, 2015 во Вести, До 17 год
Репрезентацијата на Македонија до 15 години одигра нерешено 0:0 против Црна Гора во вториот контролен натпревар меѓу двете селекции.
Пионерската репрезентација на Македонија на тренинг центарот во Подгорица одигра добар натпревар против домаќинот во кој пропушти неколку добри прилики за постигнување на гол, особено во второто полувреме.
Во првите 45 минути Црна Гора доминираше, имаше поголем посед на топката, меѓутоа не успеа да ја пробие одличната одбрана на Македонија. Во второто полувреме, избраниците на предводникот Дашмир Беари ја засилија играта во нападот и создадоа неколку добри прилики за постигнување на погодок, меѓутоа без реализација.
МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА 0:0 (0:0)
МАКЕДОНИЈА: Филип Џамтовски, Божидар Митревски, Баки Исмаили, Емил Скоко (Давид Астраџиев 72`), Мишко Арсовски, Борис Јакимовски, Лука Здравковски, (Наум Костовски 53`), Васко Димитрво (Едис Спахиу 43`), Давид Тошевски (Кире Трчевски 72`), Агон Елези, Антонио Стојановски (Димитар Тодоровски 53`)