Репрезентација до 15 години: Најмладите фудбалски надежи двапати подобри од Албанија

Објавено на 21 Септември, 2018 во Вести


Македонската репрезентација до 15 години на пријателскиот двомеч против врсниците од Албанија извојуваа две победи.

Надежите водени од селекторот Неџат Шабани на 18. септември на натпреварот во Корча, Албанија ја совладаа Албанија со 2-1, со головите на Матеј Ѓорѓиев во 3 минута и на Донарт Ибраими во 65 минута. На овој натпревар нашите репрезентативци беа по конкретни во играта, имаа неколку можности за гол и на крајот заслужено се радуваа на победата.

Истите селекции два дена подоцна се сретнаа во Охрид, каде повторно Македонија славеше победа, овој пат со 1-0.  Стрелец на единствениот погодок беше офанзивецот Ѓорѓи Стојановски кој стрелаше прецизно од белата точка во вториот дел.

Задоволен сум од играта и желбата на момците. Двете победи над Албанија ќе значат многу во работата со младите понатаму. Резултатите на оваа возраст не се многу важни, но сепак добро е да се победи кога се игра убаво. Исто така многу ми се допадна одговорот на фудбалерите кога останаа со фудбалер помалку. Не се поколебаа и продолжија да напаѓаат, а наградата стигна преку пеналот“, изјави Шабани.



   
   
А репрезентација