Репрезентација до 15 години: Македонија забележа победа против Црна Гора во Подгорица

Објавено на 24 Ноември, 2015 во Вести

Репрезентацијата на Македонија до 15 години славеше победа од 3:2 на гостински терен против Црна Гора во првиот од двата контролни натпревари меѓу двете селекции.

Пионерската репрезентација на Македонија одигра одлично второ полувреме во кое надополни предност на противникот од два гола и на крајот се радуваше на победа од 3:2 во Подгорица.

Противникот одлично го отвори натпреварот и веќе во втората минута преку капитенот Бошко Брковиќ постигна гол за водство од 1:0. Предноста за домашниот состав ја удвои Диноша во 36. минута по асистенција на Пуовиќ.

Во продолжението Македонија успеа да се врати резултатски во игра, ја засиливме играта во нападот и успеавме да направиме комплетен пресврт. Првата прилика да ја затресат мрежата на домашниот тим Македонија ја имаше во 67. минута кога Елези не успеа да искористи најстрога казна, нашиот напаѓач ја погоди стативата од голот на Црна Гора. Само минута подоцна Митревски изведе слободен удар од триесетина метри, се обиде да пронајде некои од соиграчите во казнетиот простор, но благодарение на лошата проценка на црногорците успеа да постигне погодок за намалување на 2:1. Веќе во следниот напад успеавме да израмниме на 2:2. По корнерот Тошевски беше највисок во скокот и по удар со глава ја смести топката во голот на Црна Гора. На минута пред крајот од натпреварот Тошевски ја презеде одговорноста по вториот досуден пенал за Македонија и со својот втор гол ни донесе победа од 3:2.

Во четврток во 11.00 часот Црна Гора и Македонија ќе го одиграат вториот контролен меч.

ЦРНА ГОРА - МАКЕДОНИЈА 2:3 (2:0)

МАКЕДОНИЈА: 1. Јонуз Нухи  2. Божидар Митревски  3. Небуш Нухи  4. Емил Скоко  5. Мишко Арсовски (Филип Манасиевски)  6. Борис Јакимовски  7. Антонио Стојановски (Наум Костовски)  8. Лука Здравковски (Кире Трајчевски) 9. Едис Спахиќ (Давид Тошевски)  10. Агон Елези  11. Димитар Тодоровски (Васко Димитров);



   
   
А репрезентација