Објавено на 11 Март, 2016 во Вести, До 17 год
Репрезентацијата на Македонија до 15 години ќе одигра два контролни натпревари против Турција до 15 години. Дуелите ќе се одиграат на 15. март (вторник) и 17. март (четврток) со почеток во 15.00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Селекторот на Македонија до 15 години, Дашмир Беари за пријателските натпревари против Турција ги повика следните фудбалери:
Голмани: Филип Џамтовски (Македонија Ѓ.П.), Матеј Андов (Вардар);
Одбрана: Божидар Митревски (Работнички), Димитар Тодоровски (Работнички), Ардит Демири (Шкендија), Кире Трпчевски (Њу-стар), Борис Јакимовски (Работнички), Мишко Арсовски (Работнички), Баки Исмаили (Милано), Давид Стојков (Академија Пандев);
Среден ред: Емил Скоко (Македонија Ѓ.П.), Давид Астарџиев (Вардар), Агон Елези (Академија Лестер, Англија), Амар Колашинац (Олимпија, Словенија), Лука Здравковски (Удинезе, Италија), Бесир Бафтијар (Теплице, Чешка), Никола Секулов (Пјаченца, Италија), Сујхел Мухареми (Шкупи);
Напад: Давид Тошевски (Работнички), Едис Спахиу (Гостивар), Виктор Петковски (Вардар), Селами Алили (Академија Арсенал, Англија);
Првиот собир на репрезентацијата е
закажан за 13. март (недела), а тренинзите ќе се одработуваат на тренинг
центарот „Петар Милошевски“.