Репрезентација до 15 години: БиХ – Македонија 1:1 на вториот контролен дуел

Објавено на 12 Август, 2015 во Вести, До 17 год

Репрезентацијата на Македонија до 15 години ремизираше, 1:1 на гостувањето во Босна и Херцеговина на вториот контролен натпревар.

Нашата селекција предводена од Добринко Илиевски поведе во третата минута со голот на Кристијан Ристевски, а конечните 1:1 ги постави Армин Имамовиќ во 41-та минута.

Босна и Херцеговина – Македонија 1:1 (0:1)

Македонија : Јордан Костадинов, Ангел Стратовски, Енис Фазлагиќ, Кристијан Ристевски, Борјан Пановски, Елвир Рамиќ, Енсар Лума, Донат Алиу, Бојан Колевски, Марио Наумовски, Филип Антовски;

Во игра влегоа: Христијан Додевски, Емир Скендери, Виктор Ризанковски, Филип Стојановски, Алтин Сефо, Васил Крстев, Марио Ѓоргиевски, Јакуп Бериша;

На вчерашниот натпревар, Македонија се радуваше на победа од 2:1.




   
   
А репрезентација