Репрезентациите на Македонија до 17 и до 19 (жени) ги добија своите противници во квалификациите за ЕП

Објавено на 07 Јуни, 2024 во Вести, До 19 год жени, До 17 год жени


На денешното извлекување во седиштето на УЕФА, беа извлечени групите за квалификациите за пласман на Европско првенство за жени до 17 и до 19 години. Македонските репрезентации за жени до 17 и до 19 години ги добија противниците за  следната натпреварувачка 2024 2025 сезона во рамките на квалификациите. Европското првенство за жени до 19 години ќе се одржи во Полска 2025 година, додека домаќин на завршниот турнир за жени до 17 години ќе бидат Фарски Острови.

Женската репрезентација до 19 години се наоѓа во А лигата, во група 2 заедно со Франција, Словачка и Португалија. Мини тутниро ќе се одигра од 27 ноември до 3 декември во Португалија.

Репрезентацијата за жени до 17 години е во групата 3 од Б лигата каде противници ќе и бидат Унгарија, Литванија и Андора. Мини турнирот ќе се одигра од 1 до 9 ноември. Домаќин ќе биде Унгарија.






   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација