Објавено на 11 Март, 2017 во Вести
Македонската репрезентација до 16 години ја победи Ерменија со 2:1 на контролниот натпревар на тренинг центарот "Петар Милошевски" во Скопје.
Избраниците на селекторот Горан Станиќ со пресврт во второто полувреме ја запишаа првата победа во двомечот со младите ерменски фудбалери. Кире Трпчевски во 51. минута и Куштрим Таири во 61. минута беа стрелци за нашата репрезентација. Гостите од 20. минута преку Петросујан го отворија резултатот на средбата.
МАКЕДОНИЈА до 16 години: Матеј Андов, Борис Јакимовски, Ален Личина, Емил Скоко, Кристијан Трпчевски, Божидар Митревски, Кире Трпчевски, Амар Колашинац, Ибраим Ариф, Агон Елези, Бефтијар Бесир;
Во игра влегоа: Таири, Новевски, Јусуфов, Арсовски и Тошевски.