Објавено на 29 Јануари, 2015 во Вести
На крајот на средбата учесниците потпишаа меморандум за соработка, кој предвидува зајакнување на пријателските односи, зачувување на интегритетот во фудбалот и борбата против сите негативни појави во фудбалот. Учесниците на состанокот исто така се договорија за продолжување на размена на позитивните искуства во различни подрачја на своето делување.
На конференцијата исто така се разговараше и за проектите и натпреварувањата во надлежност на ФИФА и УЕФА, за проектите за социјална одговорност, како и за соработката помеѓу фудбалските федерации и претставниците на државните и локалните власти.
На регионалниот состанок беа присутни: Елведин Бегиќ (NFSBIH), Дарко Љубојевиќ (NFSBIH), Иван Беус (NFSBIH), Јасмин Баковиќ (NFSBIH), Дамир Врбановиќ (HNS), Иванчица Судац (HNS), Зоран Цврк (HNS), Илчо Ѓорѓиоски (ФФМ), Филип Поповски (ФФМ), Дејан Савичевиќ (ФСЦГ), Момир Ѓурѓевац (ФСЦГ), Иван Ќурковиќ (ФФС), Зоран Лаковиќ (ФФС), Александер Чеферин (NZS), Алеш Заврл (NZS), Младен Чичмир (NZS), Илија Китич (NZS) и Жељко Павлица (NZS).
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....