Редовна седница на Управен Одбор на ФФМ одржана на 03.07.2014 г.

Објавено на 04 Јули, 2014 во Вести

Управниот одбор на редовната седница одржана на 03.07.2014 г. на предлог на комисијата за фудбалски тренери, го назначи Данчо Целески за координатор на тренери на голмани во националните селекции и фудбалската паралелка од спортската академија.

На седницата, меѓу другото, беа усвоени пропозициите за натпреварувачката сезона 2014/2015 за по следниот редослед: Пропозиции за Прва МФЛ за натпреварувачка сезона 2014/2015; Пропозиции за Втора МФЛ за натпреварувачка сезона 2014/2015; Пропозиции за Прва Лига Футсал за натпреварувачка сезона 2014/2015; Пропозиции за Куп Натпреварување Сениори за сезона 2014/2015; Пропозиции за млади категории за натпреварувачка сезона 2014/2015.

Управниот одбор го усвои календарот за натпревари; донесен е нов правилник за безбедност и сигурност на фудбалски натпревари, како и Прваилник за Фер Плеј.

Понатаму, усвоени се извештаите на постојаните комисии на ФФМ; усвоени се листата на судии, листата на контролори и ментор листата.

Комисијата за утврдување на кандидат за селектор на националната селекција до 21 година претрпе измени, и таа ќе заседава во следниот состав: Муамед Сејдини, Дејан Димовски, Маријан Стојкоски, Лазар Ракиџиев и Светозар Станковски.

Управниот Одбор на ФФМ го усвои извештајот на телото за инфраструктура при ФФМ за стадиони на територијата на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за одигрување на натпревари во Прва МФЛ, и во Втора МФЛ.

Пропозиции Прва МФЛ натпреварувачка 2014 15.pdf 

Пропозиции Втора МФЛ 2014 15.pdf 

Пропозиции за куп натпреварување сениори 2014 15.pdf 

Пропозиции Прва Лига Футсал натпреварувачка 2014 15.pdf 

Пропозиции млади категории натпреварувачка 2014 15.pdf 



   
   
А репрезентација