Редовен семинар за делегати на Прва МФЛ и Втора МФЛ

Објавено на 11 Август, 2022 во Вести


Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија, денеска во хотел „Хилтон", во Скопје го одржа редовниот семинар со делегатите на натпреварите од Првата МФЛ и Втората МФЛ.



На денешниот редовен  работен состанок со делегатите, главни тема беа безбедноста, заштита на интегритетот на натпреварувањето, како и  промената на одредени точки во Пропозициите на  натпреварите во Прва и Втора МФЛ.

Исто така на состанокот беше одржано предавање од страна на одделот за безбедност и интегритет на ФФМ на тема „Борба против местење на фудбалски натпревари". Делегатите беа запознаени со начинот на кој треба да го штитат интегритетот на фудбалската игра на територијата на државата.





   
   
А репрезентација