Развојни турнири за девојки

Објавено на 06 Ноември, 2015 во Вести


Во недела, на 8 октомври ќе се одиграат првите натпревари од развојните турнири во женски фудбал за девојки родени во генерацијата 2001/2002 и генерацијата 2003/2004 кои се дел од проектите за развој на женскиот фудбал на ФФМ и ФИФА.

Фудбалската федерација на Македонија донираше спортска опрема и фудбалски топки за клубовите и комплетно ќе ги сноси трошоците на екипите кои ќе учествуваат на овие турнири.

Распоред на натпреварите:

Генерација 2001/2002, регион А ќе играат во Кавадарци со почеток на првите натпревари од 10.00часот, а ќе учествуваат екипите на:

1. Тиверија - Струмица

2. Топ Гол - Битола

3. Кочани – Кочани

4. Конзули Јунајтед – Битола

5. Габер – Кавадарци

Генерација 2003/2004 регион А ќе играат во Кавадарци со почеток на првите натпревари од 10.00часот, а ќе учествуваат екипите на:

1. Тиверија - Струмица

2. Топ Гол - Битола

3. Габер - Кавадарци

Генерација 2001/2002, регион Б ќе играат во Македонски Брод  со почеток на првите натпревари од 10.00часот, а ќе учествуваат екипите на:

1. Билјанини Извори - Охрид

2. Ас Јунајтед - Струга

3. Шарпланинка - Тетово

4. Порече – М.Брод

Генерација 2003/2004, регион Б ќе играат во Македонски Брод  со почеток на првите натпревари од 10.00часот, а ќе учествуваат екипите на:

1.  Младост – Демир Хисар

2. Билјанини Извори - Охрид

3. Шарпланинка - Тетово

4. Порече – М.Брод




   
   
А репрезентација