Развоен турнир за фудбалери до 16 години: Македонија славеше победа над Косово

Објавено на 05 Мај, 2022 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 16 години забележа нова победа во дуелот со Косово во рамките на второто коло од развојниот турнир за фудбалери родени 2006 година што се одржува во Скопје.

На тренинг центарот „Петар Милошевски", нашите млади фудбалери беа подобри од Косово по подоброто изведување на пенали. 

Регуларниот дел од средбата завшри нерешено, 1:1. Македонија поведе со голот на Димитријески, додека гостите израмнија во вториот дел со голот на Гашијан.

Во пенал серијата, Македонија беше подобра со вкупен резултат 4:3.

Македонија:  Ахтаров, Велков, Меличи, Стојкоски, Димитријевски, Елмас, Љубевски, Јовановиќ, Мемиши, Коцев и Младеновски;

Резерви: Вргов, Манојлов, Аејтовиќ, Подрадџа, Алији, Јакимовски, Блажевски;

Селектор: Вујадин Станојковиќ;




   
   
А репрезентација