Објавено на 19 Јуни, 2015 во Вести, До 19 год
По полувреме без голови, Велс го отвори резултатот во 48. минута со погодокот на Клои Чиверс, а по еден час игра Амелиа Ричи го удвои водството за гостинската репрезентација. Александра Марковска со погодок за намалување на 2:1 ја врати надежта дека можеме да се избориме за нерешено, но сепак девојчињата од Велс ја осигураа победата во втората минута од судиското надополнување со голот на Лоис Реган. За Велс победата е прва на развојниот турнир во Скопје, откако вчера загубија со 2:1 од Хрватска, нашата репрезентација има два порази. Во последното коло играме со Хрватска, Велс се среќава со репрезентацијата на Молдавија.
Македонија: 1. Викторија Панчурова 4. Александра Симоноска 5. Стефани Скерлевска 7. Весна Таневска 8. Наташа Левкова 9. Медина Емини 11. Шкипе Бојку 18. Николина Трајковска 16. Ане Бошеска 17. Павлина Николовска 19. Улза Максути;
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....