Објавено на 18 Април, 2016 во Вести, До 17 год
Македонската репрезентација до 16 години со победа ги започна натпреварите од развојниот турнир на УЕФА кои го организираме во Скопје. Нашата кадетска репрезентација по изведување пенали ја совлада селекцијата до 16 години на Казахстан. Откако немаше погодоци во регуларниот дел, натпреварот го добивме со 5:3 по подобро изведување во пенал серијата. Македонија можеше да го реши мечот во регуларниот дел, два пати ја погодивме рамката од голот на Казахстан, а пропуштивме и неколку одлични шанси. Ангел Страторски во 32. минута ја погоди пречката, а во последните моменти од мечот и Крстев немаше среќа откако гредата повторно беше сојузник на гостинската репрезентација. Во пенал серијата Македонија ги реализираше сите пет удари од белата точка, а нашиот голман Зибери одбрани во втората серија.
Македонската репрезентација до 16 години следниот натпревар го игра во вторник, 19. април на теренот во тренинг центарот „Петар Милошевски“ против Луксембург. На првиот натпревар од воведното коло, Украина со 2:1 ја совлада селекцијата на Луксембург.
МАКЕДОНИЈА – КАЗАХСТАН 0:0 (НА ПЕНАЛИ 5:3)
Развоен турнир на УЕФА, Тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје
МАКЕДОНИЈА: Зибери, Симоновиќ, Хајдари, Страторски, Спасов, Ферати, Арсовски, Трајковски, Колев, Фазлагиќ, Битиќи; Играа уште: Алексовски, Додевски, Јакимовски, Јакуп, Колевски, Крстев, Симоновски; Селектор: Добринко Илиевски
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....