Размена на искуства со Фудбалска федерација на Азербејџан во делот на клубско лиценцирање

Објавено на 05 Август, 2015 во Лиценцирање, Вести

Одделението за лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија одржа работен состанок со одделението за лиценцирање на Азербејџанската фудбалска Федерација.

Во текот на состанокот беа разменети искуства во пристапот, процесот и начинот на кој се одвива лиценцирањето за добивање на УЕФА клубска лиценца, како и процесот на лиценцирање на национално ниво.

Размената на искуства и идеи е оценета како позитивна и во насока на подобрување на работата на одделението за лиценцирање на ФФМ и АФФА.




   
   
А репрезентација