Раководството на ФФМ го пречека потпретседателот на Бугарскиот фудбалски Сојуз

Објавено на 25 Јануари, 2019 во Вести


Раководството на Фудбалската федерација на Македонија, в.д. претседателот, Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски ги пречекаа високите гости од Фудбалскиот сојуз на Бугарија, предводени од заменик претседателот, Михаил Тодоров.

Претставниците на бугарската федерација заедно со првите луѓе на ФФМ разговараа околу процесите и развојните програми на двете федерации, структурата и работата со младите категории, начинот и системот на натпреварување во младинските натпреварувања, како и стратегијата за развој на младинскиот репрезентативен фудбал. Гостите од БФС ја посетија Академијата на ФФМ во рамки на комлексот „Куќа на фудбалот“.

В.Д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини нагласи дека нашата федерацијата создава услови и им дава шанса на младите од најрана возраст фудбалски да се развиваат и да ги имаат сите неопходни услови за работа и фудбалска надградба. Сејдини напомена дека во таа насока постои соработка со сите институции, со локалните клубови, државните тела за спорт  и со локалната самоуправа.

- ФФМ е пример за организираност и поставеност, каква што треба да имаат сите останати спортски федерации. Компактна целина која се грижа за развој на фудбалот, која ги поддржува Општински фудбалски Сојузи, клубовите од МФЛ, па се до екипите во пониските натпреварувачки категории, од Детската лига преку младинските селекции и најдобрата репрезентација на Македонија. ФФМ е многу повеќе од А репрезентација. Само во детските лиги се натптреваруваат над 6000 дечиња, во системот на ФФМ се регистрирани повеќе од 200 професионални фудбалери, а темелно се работи и на подобрување на инфраструктурата, изјави Муамед Сејдини.

Фудбалската федерација на Македонија секогаш ќе соработува и ќе ги засилува врските, релациите и соработката со федерациите од регионот, а овој продуктивен состанок сигурно ќе помогне во отворањето врата за соработка на различни полиња.



   
   
А репрезентација