Објавено на 26 Мај, 2016 во Вести, До 21 год
Македонската репрезентација до 21 година утре во Киев на стадионот „Валери Лобановски“ го игра натпреварот против Украина од квалификациите за Европското првенство. Нашите надежи бараат позитивен резултат за продолжување на серијата во циклусот квалификации за континенталниот шампионат.
-Украина е многу силна репрезентација, ова ќе биде тежок испит за сите нас, но се надевам дека ќе го поминеме. Во овие квалификации покажавме квалитет, нашата група на играчи е силна, го имаме и потребниот спокој и сѐ што сакаме е да продолжиме да играме како и досега. Како и да заврши овој натпревар, продолжуваме понатаму, ние сме репрезентација која е подготвена за големи работи, а така ќе се однесуваме и утре на натпреварот, изјави напаѓачот Марјан Радески.
Игор Алексовски голманот во нашиот репрезентативен тим вели дека очекува
-Свесни сме дека не очекува тежок натпревар, меѓутоа ние веќе навикнавме да се носиме со притисокот кој го носи ваков тип на натпревар. Знаеме дека сега и Украина ќе не гледа со други очи, пред се благодарение на нашите игри во квалификациите, но ако бидеме на нивото од претходните пресметки и ако го наметнеме нашиот стил на игра мислам дека можеме да оствариме позитивен резултат. Главите ни се чисти, знаеме што не очекува, јас се надевам дека заедно со соиграчите ќе успееме да ја зачуваме чиста и нашата мрежа, бидејќи за мене тоа е најважно, вели Алексовски.
Натпреварот се игра утре со почеток во 18:00 часот.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....