Објавено на 29 Март, 2016 во Вести, До 21 год
Македонските репрезентативци до 21 година, Марјан Радески, Ѓоко Зајков, Давид Бабунски и Игор Алексовски ги споделија импресиите по одиграниот натпревар против силната Франција на гостински терен.
-Одигравме
одлично, сите играчи го оставија срцето на терен, бевме дисциплинирани и
мотивирани да постигнеме позитивен резултат.
Оваа генерација имаа голем капацитет за големи успеси. Ќе се обидеме да
напредуваме на секој натпревар, изјави Марјан Радески.
-По вакво издание чувството е прекрасно, горди сме на играта што ја прикажавме. Ние сме таква екипа што сега жали што против Франција не победивме, нашата сила е во колективот, а така ќе биде и во иднина. Оваа генерација одново потврди дека има квалитет, се надевам дека сега и во нашата земја ќе не гледаат поинаку и ќе сфатат колку вреди овој тим, вели Ѓоко Зајков.
-Ја
неутрализиравме Франција, дури мислам дека и ја надигравме. Жал ми е што не
успеавме да дојдеме до победа. Можеме да бидеме горди на прикажаното, бевме
цврсти, мотивирани и покажавме карактер. Во оваа генерација треба сите да
веруваат, потребна е поддршка во секоја смисла, ние само можеме да ветиме дека
продолжуваме во битката за постигнување подобри резултати, изјави Давид
Бабунски.
-Успеавме да оствариме одличен резултат, воопшто не бевме во подредена улога. Горди сме на прикажаното, сите во тимот заслужуваат честитки. Воопшто не е мала работа пред полн стадион на гостински терен на таков начин да и се спротивставиш на екипа како Франција. Јас само ја вршев својата работа, драго ми е што имав неколку одлични интервенции, но честитките се за сите во составот, вели Игор Алексовски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....