Објавено на 16 Мај, 2016 во Вести
Вечерва на Националната арена „Филип Втори“ се игра финалето во Купот на Македонија. Во најважниот меч во една сезона актуелниот бранител на трофејот Работнички ќе ги одмери силите со тетовска Шкендија. Работнички е во своето седмо финале а, ќе атакуваат на петтата титула, трета во низа, додека Шкендија во своето трето финале го бара првиот трофеј.
Претседателот на Шкендија, Абдулменаф Беџети вели дека клубот од Тетово има големи очекувања и надеж дека за прв пат во 37-ет годишната историја на клубот ќе биде освоена престижната титула.
-Шкендија е среќна што постигна една од двате поставени цели , да игра во финалето на Купот на Македонија, со определба и надеж да се освои истото за прв пат во нејзината 37 годишна историја. Убедени сме дека финалето против Работнички ќе биде еден спектакл, играме со тим кој го почитуваме и кој е големо име во македонскиот фудбал, се надеваме дека двата тима ќе покажат убава и допадлива игра на задоволство на публиката. Нашите навивачи се големи ентузијасти пред овој натпреар, живеат за клубот и за ова финале, а ние веруваме дека на крајот ќе им вратиме со победа и освојување на Куп трофејот, вели Беџети.
Капитенот на Шкендија и репрезентативец на Македонија, Ферхан Хасани вели дека ова е уште еден историски момент за неговиот клуб, Работнички е тим за респект, но популарниот Буба вели дека ќе сторат се што треба да го освојат трофејот што недостасува во витрините на Шкендија.
"Финалето на Купот е посебно значаен момент за Шкендија, особено ако се има предвид фактот дека ова е единствениот трофеј што недостасува во витрините на клубот. Јас сум многу среќен и радосен што сум тука повторно во уште еден историски момент за мојот клуб. Се знае дека сум дете на Шкендија, тука пораснав и се афирмирав. Освоив шампионска титула и Супер Куп пред да ја започнам мојата интернационална кариера во Европските клубови, а ете судбината сакаше да се вратам и и покрај незгодната повреда да бидам тука во оваа битка за освојување на Куп трофејот. Знаејќи ја поврзаноста со клубот, за мене многу значи да остане запаметено дека во сите први три трофеи на Шкендија, јас сум бил дел од Шкендија. Нормално за тоа потоа, најпрвин нам ни останува да го одиграме оваа финале и да оствариме победа. Далеку од тоа дека ќе биде лесно. Работнички е тим за респект, се работи за еден натпревар во кој може сешто да се случи. За тоа ние сме многу внимателни и сконцентрирани. Ние сме свесни што не очекува, ги знаеме нашите квалитети и квалитетите на Работнички и се што треба да направиме е да излеземе со ладни глави за да го направиме тоа што ќе се договориме. Верувам во тимот, во соиграчите, знам дека ќе имаме голема подршка од трибините и сигурен сум дека ако го реализираме договореното, трофејот овој пат ќе биде наш, изјави Ферхан Хасани, капитен на Шкендија.
Од таборот на Работнички се надеваат дека ќе го повторат успехот од претходните години и ќе станат првиот клуб со три победи во низа во Купот на Македонија.
- Ова е трето финале во низа за ФК Работнички. Искено се надевам дека ќе го повториме успехот од претходните две финалиња и ќе направиме еден несекојдневен спортски успех за нашиот клуб. Ова финале е доказ за квалитетот на Работнички и за константоста која ја бележи во претходните години во македонскиот фудбал и очекувам оваа година да го освоиме овој трофеј. Имајќи го во предвид противникот во ова финале, очекувам натпреварот од Купот на Македонија, да биде на едно високо ниво, пред се на спортски план, вели претседателот на клубот Драган Поповски.
Никој досега трипати во низа не победувал во финалињата. Вардар има два пехари освоено едноподруго во 1998 и 1999, Работнички во 2008 и 2009 и во 2014 и 2015. Капитенот на „романтичарите“ Милан Илиевски вели дека третото финале во низа е реткост и доказ за квалитетот на тимот.
-Третото
по ред финале е реткост, голема чест и доказ за професиоалното функционирање на
клубот. По освоените две финалиња, одиме на третото и да испишеме една нова
историја во мак фудбалот. Можеби многумина ја сметаат Шкенидија за фаворит на
овој натпревар, но Работнички е актуелен освојувач на Купот и ќе дадеме се од
себе за да победиме. Мојот тим е составен од одлични поединци и подготвен за
ова финале. Убеден сум дека секој од нас ќе го даде и последниот атом од силите
за на крајот сите заедно да се радуваме на овој трофеј повторно и да закружиме
уште една успешна сезона на ФК Работнички, вели Илиевски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....