Објавено на 23 Мај, 2017 во Вести
Младинскиот состав на Работнички го освои Купот на Македонија. Во финалето во Охрид, Работнички со 3:1 славеше против Академија Пандев.
Откако утринава славеа во кадетска конкуренција против истиот противник, "романтичарите" попладнево беа одново убедливи против струмичани.
Ељиф Елмас во деветтата минута од слободен удар погоди за 1:0, а талентираниот офанзивец кој се најде на списокот и на А репрезентацијата на Македонија ја удвои предноста на Работнички во 27. минута.
Академија Пандев преку Христијан Трапановски намали на 2:1 во 60. минута, но по само четири минути Љавдрим Фајзули го даде третиот гол за Работнички и го реши прашањето на победникот.
Утре на стадионот "Билјанини Извори" се играат двата финални Куп натпревари во пионерска конкуренција. Гледајте ги во живо на tv.ffm.mk