Објавено на 09 Мај, 2014 во Куп на Македонија, Вести
Екипата на Работнички е освојувач на 22 издание на Купот на Македонија. Во големото финале на Националната арена „Филип Втори“, Работнички го победи Металург со 2:0. Борче Маневски од пенал во финишот на првиот дел му донесе водство на Работнички од 1:0, откако претходно Металург остана со фудбалер помалку по исклучувањето на Оливер Пеев во 37 минута. Во втотото полувреме Работнички имаше гол предност се до првата минута од судиското продолжение кога Петров ги постави конечните 2:0.
За тимот на Работнички трофејот од Купот на Македонија е трет во клупската историја. „Романтичарите“ беа освојувачи на натпреварувањето и во 2008 и 2009 година.
Металург го играше своето второ финале во Купот на Македонија, 2011 година во Прилеп го славеа трофејот по триумфот над Тетекс од 2:0.
„Честитки до фудбалерите за тримфот. Црвениот картон ни ја олесни работата и сигурно требаше да го решиме натпреварот и пред судиското надополнување. Ова е добра сезона за нашиот тим, освоивме трофеј кој е многу значаен за екипата. Честитки и за Металург кој уште еднаш покажа дека е една квалитетна екипа. Уште пред натпреварот реков дека ова ќе биде тежок и неизвесен натпревар што се покажа како точно“, изјави тренерот на Работнички Игор Ангеловски.
„Честитки за победата на Работнички. Се боревме и покрај тоа што повеќе од еден час игравме со играч помалку. Голот во финишот од првиот дел ни ја разби концепцијата. Црвениот картон веројатно е пресуден, но на финалмни натпревари големите тимови се враќаат и се борат за победа и со десет играчи. Оставивме доста простор на нашата половина за Работнички, кој тоа го казни со втор гол“, истакна тренерот на Металург, Срѓан Захариевски .
РАБОТНИЧКИ – МЕТАЛУРГ 2-0 (1-0)Стрелци: Маневски 45′, Маркоски 90′
РАБОТНИЧКИ: Стојчев; Сијлајовски, Најдоски, Илиевски, Милушев (86′ Петров) Велковски (78′ Трајчевски), Петровиќ, Сулејманов, Тодоровски, Маневски, Илијоски 62′ Маркоски)
МЕТАЛУРГ: Ефремов; Ѓоргиевски, Бериша, Митревски, Џонов (67′‚ Радески), Митрев (59′ Далчески), Стевановиќ, Пеев, Љамчевски, Вујовиќ; Симоновски (75′ Крстев)