Објавено на 19 Ноември, 2014 во Вести
Денеска во Фудбалската федерација на Македонија беше одржана работилница за општествен/социјален дијалог на кои учествуваа претставници на клубовите од Првата фудбалска лига, Синдикатот на фудбалери и одговорни лица од службите на ФФМ.
Целта на работилницата e низ консултации, преговори и заеднички дејствија да се дефинираат социјалните стандарди. На состанокот беше презентиран Автономниот договор прифатен од Уефа во кој се утврдени минимум критериуми кои треба да бидат содржани во договорите на професионалните фудбалери.
Работилницата е одржана како подготовка за состанокот кој ќе се одржи на 5. декември, а на кој ќе присуствуваат претставници на EPFL, ECA, FIFPro и UEFA.
- На овој состанок имавме можност да се претставиме како Синдикат кој ги заштитува правата на фудбалерите во наши рамки, ова беше наш прв дијалог со претставниците на клубовите и сметаме дека само низ вакви конструктивни дискусии можеме да придонесеме во насока да го подобриме нашето фудбалско живеење. На работилницата беше презентиран договорот прифатен од Уефа во кој се утврдени минимум критериумите кои треба да бидат содржани во договорите на професионалните фудбалери, се договоривме во однос на насоките кои треба да ги имаме на состанокот на 5. декември и што всушност треба да очекуваме од разговорот со претставници на EPFL, ECA, FIFPro и UEFA. Презентираниот договор е стандарден во Европа, таму се дефинирани точните права и обврски на клубовите и професионалните фудбалери и сметам дека е од корист за двете страни, изјави Панче Ќумбев, претседател на Синдикатот на фудбалери на Македонија.
-Како ФК Шкендија сметаме дека е многу корисно да имаме работилници од ваков тип, навремено да се информираме за сите новини и промени во делот на прописите, организацијата и функционирањето на фудбалските клубови бидејќи истите се одесуваат на нас клубовите, директно сме засегнати со нивното носење и примена и како најдиректни страни можеме да придонесеме навремено да влијаеме на предлозите и промените, изјавија претставниците на ФК Шкендија.
-Ја поздравуваме иницијативата на ФФМ за одржување на работилници кои се однесуваат на подобро административно работење на клубовите. Како ФК Работнички сметаме дека само низ разговори и дискусии можеме да донесеме вистински став по одредени прашања кои би ни донеле позитивни работи. Знаеме дека се најавени одредени промени во договорот кој се однесува на правата на клубовите и професионалните фудбалери и генерално е добро доколку јавно дискутираме по тоа прашање и со свој предлози би придонеле во остварување на целите кои се позитивни за фудбалот, велат од ФК Работнички.
На работилницата во ФФМ, клубовите ги одредија претставниците од клубовите во македонската лига кои ќе бидат присутни на состанокот со претставници на EPFL, ECA, FIFPro и UEFA на 5. декември.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....