Работилница за клупско лиценцирање за женски фудбал

Објавено на 29 Јануари, 2020 во Вести


Одделението за лиценцирање на Фудбалската федерација на Македонија за потребите на клупското лиценцирање за учество во УЕФА Лига на Шампиони за жени, како и за учество во Прва ЖФЛ, во просториите во „Куќа на фудбалот“ одржа работилница со сите пријавени клубови од женската прва лига.

Почнувајќи од сезона 2020/21 за учество во УЕФА и ФФМ натпреварувања, клубовите од ЖФЛ покрај спортскиот пласман мораат да исполнат и одредени критериуми кои се предвидени во Анекс 8 од ФФМ Правилникот за лиценцирање на клубови. На работилницата беа презентирани критериумите кои клубовите мора да ги исполнат за да учествуваат во овие натпреварувања, како и практична презентација за пополнување и достава на соодветната документација.

Почетокот на лиценцирањето во женскиот фудбал е уште еден чекор кон подобрување на структурата на клубовите и натпреварувањето, како и унапредување на женскиот фудбал воопшто. 





   
   
А репрезентација