Работилница за клубови за лиценцирање за учество во УЕФА натпреварувања

Објавено на 29 Јануари, 2019 во Вести


На 29. јануари, 2019 г., во Хотел Хилтон во Скопје, одделнието за лиценцирање на ФФМ одржа редовна годишна работилница за клубовите кои поднесоа пријава за добивање на лиценца за учество во УЕФА натпреварувањата за сезона 2019/20. На оваа работилница беа презентирани измените и дополните на ФФМ правилникот за лиценцирање на клубови за учество во натпреварувања во организација на УЕФА, како и соодветните критериуми и рокови за достава на документација за исполнување на условите за добивање на УЕФА лиценца.

На работилницата присуствуваа генералните Секретари и претставници на сите 10 клубови - членови на Прва МФЛ кои до крајот на сезоната ќе се обидат да освојат едно од четирите места кои клубовите од Македонија ги имаат за учество во УЕФА натпреварувањата, од кои едно во квалификациите за Лига на Шампиони и три во квалификациите за Лига Европа.




   
   
А репрезентација