Објавено на 29 Јули, 2016 во Вести
Денеска во „Куќата на фудбалот“ работен состанок одржаа комесарите за безбедност на клубовите од Првата македонска фудбалска лига и претставници на комисијата за безбедност во Фудбалската федерација на Македонија.
Присутни се заложија да се почитуваат „Правилникот на УЕФА и ФФМ за сигурност и безбедност“ и „Законот на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари“.
-Мораме да имаме активен став, преку правилникот на УЕФА и ФФМ јасно изразуваме какво однесување не смее да се толерира на натпреварите од националниот шампионат. ФФМ во соработка со клубовите и Министерството за внатрешни работи е апсолутно против неприфатливо однесување на спортските терени и заеднички упатуваме апел сите да ја поддржат кампањата 100% фудбал како недвосмислена порака. Како Фудбалска федерација на Македоноија мораме да ги почитуваме своите пропишани процедури, истакна Роберт Марковиќ, раководител на одделот за безбедност и интегритет во ФФМ.
На истата тема претставници на
комисијата за безбедност во Фудбалската федерација на Македонија во среда ќе
одржат состанок и со комесарите за безбедност на клубовите од Втората
македонска фудбалска лига.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....