Објавено на 08 Август, 2014 во Вести
Спроти неделниот дерби натпревар од 2. Коло во Првата фудбалска лига меѓу Вардар и Шкендија по иницијатива на Комисијата за безбедност на Фудбалската федерација беше одржан работен состанок со претставниците на ФК „Вардар“, претставници на ФК „Шкендија“, одговорни лица во Министерството за внатрешни работи и претставник од агенцијата за приватно обезбедување задолжена за обезбедување на натпреварот на Националната арена „Филип Втори“ во недела од 19.00 часот.
Целта на Комисијата за безбедност на ФФМ е да се превземат сите превентивни, организациски мерки и активности за натпреварот кој е прогласен од висок ризик. Според правилникот за безбедност на ФФМ и Законот за спречување на насилството и недолично однесување на спортските натпревари, клубот - домаќин и клубот - гостин се должни да превземат мерки и активности за престојниот натпревар. Во таа насока, Комесарот за безбедност на ФК „Шкендија“ информираше дека на натпреварот во Скопје нема да патуваат со организирана навивачка група. За одлуката навивачите на ФК „Шкендија“ да не присуствуваат на Националната арена „Филип Втори“, клубот од Тетово достави писмено извесување до службите во федерацијата и до ФК „Вардар“.
Претставникотна ФК „Вардар“ информираше дека од нивна страна како организатори на натпреварот ќе бидат превземени сите мерки и активности во делот на безбедност и сигурност, ќе биде отворена само северната трибина за редовни гледачи, а западна трибина за навивачката група која го поддржува клубот. Заеднички став на присутните на состанокот и одговорните лица за безбедноста на стадионот е важноста од напомена до сите кои имаат намера да присуствуваат на натпреварот за забрането внесување на пиротехнички сретства, знамиња или транспаренти со недозволена содржина и други предмети со текст, слика, знак или други обележја, како и да не скандираат содржини кои предизвикуваа и потикнуваат омраза или насилство врз основа на верска, расна и национална припадност. Во спротивно од страна на делегатот и главниот судија ќе бидат превземени мерки и активности според Правилникот за натпреварување.
Претставниците на МВР информираа дека од нивна страна според изготвен план ќе бидат превземени посебни мерки и активности за престојниот натпревар.Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....