Работен состанок на Фудбалската Федeрација на Македонија и ФСИРМ

Објавено на 23 Декември, 2014 во Вести


Генералниот секретар на Фудбалската Федерација на Македонија, Филип Поповски и претставниците на ФСРИМ (Федрација за спорт и рекрација на инвалидите од Македонија) одржаа работен состанок на кој што беа поставени основните темели за понатамошна соработка помеѓу двете организации.

Бранимир Јовановски - претседателот на Мобилност Македонија, Драган Дојчиновски -генерален секретар на македонскиот параолимписки комитет, Бобан Јордановски -активист и Никола Делов - активист ја запозна фудбалската федерација со застапеноста на „најважната споредна работа“  и двата типа на фудбалски средби  за лица со инвалидтет каде има натревари за  слепи (Ф 5) и фудбал за лица со церепална паралзиа (Ф 7). Идејата е да се формира национална селекција и во ова фаза на пионерски чекори  до сега  има пријавено 16 фудбалери.  Планирано е на терените во спорскиот центар „Петар Милошевски“ во комплексот Куќа на Фудбалот тие да одиграат ревијален натревар со цел да се подигне и зголеми свеста за лицата со посебни потреби. По завршувањето на состанок беше донирана спортска опрема и фудбали.

На работниот состанок стана збор и за пристапот на на лицата со ивалидитет до спортските терени, каде што новиот прокет УЕФА од програмата ’Хет-трик четири’ го предвидува и овој дел во мега проектот за реконструкција и модернизација на стадионите во четирите  домашни фудбалски центри, Битола, Прилеп, Тетово и Штип.

ФСИРМ својте програмски задачи ги реализира преку 17 општински организации, организирани во 3 региони. Федерацијата е член на Македонскиот олимписки комитет и Меѓународниот параолимписки комитет како и друго меѓународни организации од оваа област, а тесно соработува со Агенцијата за млади и спорт на РМ. Со спортско рекреативни активности се занимаваат околу 3.000 инвалидизирани лица во Република Македонија.

Советот заедно со неговите членки, повеќе од 50 години организирано и во континуитет се бори за остварување на правата на лицата со инвалидност, и преку мрежата од 136 општински,меѓуопштински и регионални здруженија во кои членуваат околу 90000 инвалиди има значајна улога во организирањето на лицата со инвалидност на локално, регионално и државно ниво.



   
   
А репрезентација