Прва победа на Македонија на УЕФА развојниот турнир за девојчиња до 17 години

Објавено на 26 Август, 2015 во Вести, До 17 год

Репрезентацијата на Македонија за девојчиња до 17 години забележа победа над селекцијата на Босна и Херцеговина со 1 - 0.

Во натпревар од вториот круг од УЕФА развојниот турнир за девојчиња избраничките на селекторот Кирил Изов со голот на Улза Максути во 57 минута славеа минимална победа над селекцијата на Босна и Херцеговина. Нашата репрезентација одигра одличен дуел и сосема заслужено се радуваше на победа.

„ Докажавме дека сме одлична млада репрезентација. Победата е апсолутно заслужена. Доминиравме во текот на сите 80 минути и бевме поквалитетен противник. Честитки и до моите девојки, одиграа според договореното и во ниту еден момент не го потценија противникот. Утрешниот ден ќе го искористиме на најдобар можен начин за што подобро да се подготвиме за следниот предизвик што не очекува во петок. Правилата на УЕФА развоjниот турнир се јасни, сите девојки треба да добијат подеднаква минутажа, така што на следниот натпревар шанса ќе добијат девојките што имаа одиграно помалку минути во претходните два дуела", изјави селекторот на репрезентацијата на Македонија за девојчиња до 17 години, Кирил Изов.

МАКЕДОНИЈА - БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА 1:0 (0:0)

МАКЕДОНИЈА:  1. Евгенија Крстеска  3. Теодора Ѓорѓиевска  4. Ива Биневска  7. Елена Петровска  8. Марија Белистојаноска  9. Мила Талевска  10. Јана Чубриновска  11. Улза Максути  13. Елма Шемсовиќ  17. Анита Гоцевска  18. Дениз Алилоски;

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА:  4. Дејана Ќосиќ  6. Аила Мехмедовиќ  8. Мериема Медиќ  12. Емира Омедовиќ  13. Амила Смаиловиќ  14. Миа Кулианин  15. Џенита Моќевиќ  17. Аделиса Хромо  18. Стиепана Пендеш  19. Вина Црноја  20. Нермина Кантиќ;




   
   
А репрезентација