Објавено на 22 Септември, 2015 во Вести
Вардар го освои трофејот во 2013 година со победата над Тетекс од 1:0. На премиерното издание Шкендија се радуваше на Суперкуп трофејот откако славеше со 2:1 против Металург во 2012 година.
Тренерите на двата тима, Гоце Седлоски (Вардар) и Игор Ангеловски (Работнички) на денешната прес конференција истакнаа дека ја посакуваат победата, но не открија кои фудбалери ќе бидат во фокусот на утрешниот дуел.
„На секој натпревар одиме на победа. Играме со екипа која добро ја познаваме, тим кој одлично го претстави македонскиот фудбал во Европа. Очекувам добра игра, а нека победи подобриот. Вечерва имаме тренинг и ќе одлучиме со кои фудбалери ќе истрчаме. Го посакуваме пехарот и се надевам на една добра игра“, рече тренерот на Вардар, Гоце Седлоски.
Предводникот на Рабтонички, Игор Ангеловски истакна дека натпреварот од Суперкупот може да биде пресвртница за неговата екипа сезонава.
„Очекувам еден квалитетен натпревар, добра атмосфера Го респектираме тимот на Вардар, најтрофеен клуб и со богата традиција. Има добри фудбалери, но ние ќе се обидеме да дадеме максимум и да бидеме тие кои ќе го освојат пехарот, рече Игор Ангеловски, додавајќи: „Нормално дека не сме рамнодушни со падот на формата, но беше очекувано. Со осум натпревари во Европските купови тоа беше очекувано, повеќе ме загрижуваат повредите на одредени фудбалери, се надевам дека ќе им доде крај и од утре веќе ќе и ставиме крај на оваа форма, истакна Ангеловски.
„Играме против екипата што најдобро ја претстави Македонија во Европа. Секако дека го респектираме противникот, но исто така и веруваме во своите сили. Поседуваме квалитет за да славиме на овој натпревар и да стигнеме до пехарот“, истакна Никола Глигоров.
Капитенот на Работнички, Баже Илијоски, исто така е оптимист, вели дека натпреварот ќе биде вистински уживање.
„Сезоната во Македонија е веќе почната. Влезени сме во добар натпреварувачки ритам, што претставува добра основа за утрешниот натпревар. Максимално сме подготвени и фокусирани за тоа што ни претстои утре. Ќе го дадеме максимумот и ќе се обидеме да славиме на утрешниот меч. Ќе биде дуел за уживање“, изјави Баже Илијоски.Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....