Објавено на 23 Ноември, 2015 во Куп на Македонија
Ве известуваме дека поради промена на терминот и теренот на натпреварот Ренова – Шкендија од редовното 15. коло на 1. МФЛ, се врши промена на терминот на одигрување на првиот натпревар од ¼-финалето на Купот на Македонија помеѓу екипите на Шкендија и Вардар. Натпреварот се пренасочува за 26.11.2015, четврток. Теренот за одигрување и почетокот на натпреварот остануваат исти: Стадион Чаир, 13.00ч.