Објавено на 13 Октомври, 2016 во Вести
Фудбалската Федерација на Македонија и Македонскиот
центар за култура и развој како нацонален ФАРЕ координатор ја презентираа годинешната програма со активности опфатени во ФАРЕ
акционата недела за борба против национализмот и расизмот во фудбалот.
На презентацијата на програмата учествуваа Енвер Сулејмани - заменик генерален
секретар на Фудбалската Федерација на Македонија и Нелко Нелковски - претседател на
МЦКР и национален ФАРЕ координатор.
„ФФМ дава целосна поддршка на сите активности поврзани со
фер-плејот и борбата против насилствата, национализмот и расизмот на
фудбалските терени. Ние како федерација сме обврзани да се грижиме за
надминување на сите видови недоследности и нарушувања. ФФМ активно
учествува во програмата на УЕФА против расизмот и дискриминацијата во
фудбалот а го истакнуваме и задоволството од соработката со МЦКР.
Повикуваме сите заедно, фудбалерите, клубовите, навивачите, судиите,
невладините организации и сите граѓани да придонесеме во развојот на
навивачката култура во нашата земја и да станеме пример за достоинствено
однесување“, истакна Сулејмани.