Принудни измени во составот на репрезентацијата до 21 година

Објавено на 12 Август, 2014 во До 21 год


Вујадин Станојковиќ, в.д. селекторот на македонската репрезентација до 21. година принудно мораше да прави промени во составот на младата селекција спроти утрешниот натпревар против Израел од квалификациите за ЕП 2015. Поради повреда подготовките и натпреварот со израелците ќе го пропуштат Кире Марковски, Таулант Сулејманов, Кристијан Тошевски и Виктор Талевски. На нивно место во тимот се повикани и веќе се приклучија на подготовките Леон Најдовски (Македонија ЃП), Димитар Иванов (Вардар), Михајло Митров (Металург), Кристијан Костовски (Силекс) и Ерсен Асани (Ренова).

-Дополнително повиканите фудбалери беа на поширокиот список за настап против Израел, проблемите поради повреди и откажувања на одредени фудбалери не принудија да менуваме, но тоа не ја менува нашата замисла да се подготвиме најдобро за утрешниот натпревар.  Технички и тактички го градиме тимот и врз основа на анализата од играта на Израел од минатите натпревари ќе ја градиме нашата игра. Реков дека ова е квалитетна група на играчи и нема да отстапиме од намерата за позитивен резултат, изјави Вујадин Станојковиќ.

Натпреварот Македонија – Израел од квалификациите за ЕП во Чешка се игра утре од 20.00 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.




   
   
А репрезентација