Прилеп наскоро ќе добие нов стадион

Објавено на 30 Октомври, 2015 во Вести

Градоначалникот Марјан Ристески и претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски потпишаа договор за донација за реконструкција на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.


Стадионот ќе има капацитет од 18.000 места, а ќе биде направен  според сите стандарди на УЕФА за играње на меѓународни натпревари. Проектот ќе опфати хортикултурно уредување околу стадионот, изградба на паркинг простор, соодветни трибини, соблекувални како и осветлување за да може на него да се играат и ноќни натпревари. Покрај градскиот стадион „Гоце Делчев“, ќе се градат и други фудбалски терени во градот. Со овие инвестиции Прилеп станува општина со најдобра спортска инфраструктура во Македонија која во иднина ветува дека повторно тука ќе се раѓаат нови спортски таленти.




   
   
А репрезентација