Објавено на 23 Декември, 2019 во Лиценцирање, Вести
Одделението
за лиценцирање на Фудбалската Федерација на Македонија во тек на месец декември
2019 испрати покани до клубовите во Прва и Втора МФЛ за доставување на
пријави за лиценцирање за натпреварувачка сезона 2020/21.
Согласно доставените пријави, следниве клубовите аплицираа за добивање на УЕФА лиценца која овозможува настап во натпреварувања во организација на УЕФА во сезона 2020/21:
1. ФК Академија Пандев – Струмица
2. ФК Борец 1919 – Велес
3. ФК Брегалница 2008 – Штип (Втора МФЛ Запад – четвртфиналист во Куп на РМ)
4. ФК Вардар – Скопје
5. ФК Македонија 1932 ЃП - Скопје
6. ФК Работнички – Скопје
7. ФК Ренова – с.Џепчиште
8. ФК Силекс – Кратово
9. ФК Струга ТримЛим - Струга
10. ФК Шкендија – Тетово
11. ФК Шкупи 1927 – Скопје
Оваа сезона рекордни 11 клубови се пријавија за добивање на УЕФА клубска лиценца за настап во едно од двете УЕФА натпреварувања, и овие клубови во тек на периодот до 05 Мај 2020, а согласно ФФМ Правилникот за лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања, ќе го поминат процесот на лиценцирање за утврдување на исполнетост на критериуми врз основа на кој Комисијата за лиценцирање на ФФМ ќе донесе одлуки кои од клубовите ќе добијат УЕФА Лиценца.