Објавено на 09 Јануари, 2018 во Вести
Одделението за лиценцирање на Фудбалската федерација на Македонија во текот на месец - декември 2017 година испрати покани до клубовите во Прва и Втора МФЛ за доставување на пријави за лиценцирање за натпреварувачка сезона 2018/19.
Согласно доставените пријави, следниве клубовите аплицираа за добивање на УЕФА лиценца која овозможува настап во натпреварувања во организација на УЕФА во сезона 2018/19:
1. ФК Академија Пандев – Струмица
2. ФК Вардар – Скопје
3. ФК Пелистер - Битола
4. ФК Работнички – Скопје
5. ФК Ренова – с.Џепчиште
6. ФК Силекс – Кратово
7. ФК Шкендија – Тетово
8. ФК Шкупи 1927 – Скопје
Овие клубови во периодот до 5. Мај 2018 година, а согласно ФФМ - Правилникот за лиценцирање на клубови за УЕФА натпреварувања, ќе го поминат процесот на лиценцирање за утврдување на исполнетоста на критериумите врз основа на кој Комисијата за лиценцирање на ФФМ ќе донесе одлуки кои од клубовите ќе добијат УЕФА Лиценца.
Одделение за лиценцирање