Пријава за учество во детски лиги

Објавено на 25 Август, 2015 во Детски лиги


Со големо задоволство ФФМ ги информира сите заинтересирани дека започнува пријавувањето на екипи за претстојната сезона во Детските лиги и истото трае до 06.09.2015. Екипите кои веќе се натпреварувале е потребно да ја достават единствено уредно пополнетата пријава, додека екипите кои се пријавуваат за прв пат покрај пријавата треба да ги достават и останатите документи наведени во пријавата.

Повеќе информации за секој регион пооделно како и условите за натпреварување може да се добијат кај координаторите на регионите кај кои е и потребно да се достават сите неопходни документи во предвидениот рок. Задоцнетите пријави и некомплетна документација нема да бидеме во можност да ги земеме во предвид.

Во продолжение пријавата за учество во Детски Лиги, натпреварувачка сезона 2015/2016 Пријава за учество.doc 

како и формуларот за општи податоци Формулар за општи податоци.doc 



   
   
А репрезентација